More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 02 Јануари, 2024

    spot_img

    На 01.01.2024 во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Г.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 01.01.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(19) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 01.01.2024 во 15.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, кај с.Слупчане четирицикл „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.З.(49) од с.Лојане излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

     Вчера (1 јануари) од 13 до 19 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле изречени 105 мерки (ТЕ-82 и ГВ-23).При контролата биле откриени и санкционирани 70 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-47 и ГВ-23), од кои 6 (ТЕ) пречекориле за над 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 35 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, од кои 2 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци.

     На 01.01.2024 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Р.Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Р.Србија и патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ О.И.(70) од Р.Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 74 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, три санкции за управување под дејство на алкохол…

     На 01.01.2024 во 14.25 часот во Полициската станица Аеродром В.С.(71) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

     На 01.01.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Чаир, Х.О.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Качанички пат“ бил каснат од куче скитник.

     Денеска (02.01.2024) во 01.10 часот во Полициската станица Бит Пазар Н.Б.(42) од Скопје  пријавила дека на ул.„Македонско- Косовска бригада“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img