Израелските власти најавија дека ќе ја изнесат својата одбрана пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, каде Јужна Африка минатата недела започна процес против еврејската држава, обвинувајќи ја за геноцид во Појасот Газа, пренесоа медиумите.
„Израел, долгогодишен потписник на Конвенцијата за геноцид, нема да ја бојкотира (судската) постапка. Ќе учествуваме и ќе го отфрлиме апсурдното обвинение дека се граничи со крвна клевета“, изјави израелскиот советник за национална безбедност Чахи Ханегби.
Израелскиот весник „Хаарец“ наведува дека ваквата одлука била донесена на состанок со кој претседавал премиерот Бенјамин Нетанјаху и по консултации со Министерството за правда, армијата и Советот за национална безбедност.Судењето може да трае со години, но непосредната цел на Израел е да го спречи судот да издаде привремена наредба за запирање на воените операции во Газа.
Во поднесокот за покренување постапка против Израел минатата недела, Јужна Африка рече дека акциите на Израел во Газа се „геноцидни по природа бидејќи имаат за цел да доведат до уништување на значителен дел од палестинската национална, расна и етничка група“.