Експертите проценуваат дека силниот земјотрес што вчера ја погоди јапонската префектура Ишикава го поместил тлото во регионот Ното до 1,3 метри на запад

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Експертите проценуваат дека силниот земјотрес што вчера ја погоди јапонската префектура Ишикава го поместил тлото во регионот Ното до 1,3 метри на запад.

Јапонската агенција за геопросторни информации (GSI) ги анализирала податоците од GPS по земјотресот со јачина од 7,6 степени, а најголемото движење е забележано во градот Ваџима, на околу 1,3 метри на запад.

Движењето на земјата кон запад за околу еден метар е забележано во градот Анамизу, а за околу 80 сантиметри во градот Сузу, јавуваат јапонските медиуми.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.

Share This Article