More

    Новогодишната ноќ помина мирно во повеќето градови

    spot_img

    Бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година, а најмладиот пациент  задржан на токсикологија за новогодишната ноќ имал само 14 години, информираше д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија во Скопје.

    – Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме просекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан – информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.

    Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож.

    На територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на цела држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

    – Имало единствено нарушување на јавен ред и мир или вкупно 12 кривични дела на територијата на цела држава, најчесто недозволена трговија со дрога и едно загрозување на сигурноста. Имаме регистрирани прекршоци по Законот за јавен ред и мир, вкупно 20 во сите сектори за внатрешни работи. Имаме регистрирано два прекршоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, има вкупно 8 сообраќајни незгоди со материјална штета на територија на државата – изјави Спасовски.

    Во 2023 година македонската полиција заплени повеќе од 100.000 парчиња на пиротехника.

    Три помали интервенции во Струмица 

    Мирна Новогодишна ноќ во Струга и струшко, со само едно нарушување на јавниот ред и мир. Брзата помош со вообичаени интервенции. Полицијата, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, регистрирала само едно нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Боро Дуни“ во Струга.

    Организиран дочек на Градскиот плоштад и годинава немаше, но стружани највеселата ноќ ја поминаа во кафулињата и рестораните, како и во домашна атмосфера.

    Струшката Брза помош новогодишната ноќ ја поминала со редовни интервенции и мало згоемување во однос на претходните вечери. За МИА информираат дека се евидентирани над 20 интервнеции, повеќето со висока температура и висок притисок, а интервенирале и на една тепачка.

    Огномет во Прилеп

    Во весела атмосфера и со многу желби за подобра, посреќна и побогата 2024 година, прилепчани ја пречекаа Новата Година. Голем дел во своите домови, со семејствата и најблиските, а други уште викендот заминаа на прослава во и надвор од земјата. Прилеп годинава немаше организирана пролава на плоштадот, но на полноќ со огномет градските власти ја најавија Новата 2024 година.

    Во Новата година, прво се роди женско бебе. Еден час и половина по полноќ, на Одделението за гинекологија во прилепската градска болница среќната мајка Низакете Керимоска од селото Црнилиште на свет го донесе своето второ дете.

    Весела и спокојна новогодишна ноќ во Охрид

    Според информациите од СВР – Охрид, на територијата на Охрид се регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, едно пред и едно во угостителски објект, при што се приведени две лица. Во текот на ноќта немало ниту една сообраќајна незгода.

    Охриѓани и гостите од земјата и странство кои во голем број пристигнаа уште со почетокот на викендот синоќа во свечен новогодишен амбиент, со голем огномет и добра забава ја испратија веќе старата 2023 и ја дочекаа Новата 2024 година.

    Неколкуте илјади граѓани на Охрид, како и туристи на Градскиот плоштад на релативно топло време за овој период од годината се забавуваа на настапите на ди-џеите Јана Слеј и Багзи, групата „Де-Ен-Ка“, естрадните уметници Татијана Стефановска и Нино Величкоски и групата „Фортуна“.

    Весело беше и во угостителските објекти, кои беа исполнети речиси до последно место, гостите уживаа традиционално во богата трпеза и одлична забава до раните утрински часови. Најбројни и оваа година на охридската ривиера беа гостите од соседните држави, на кои во текот на вчерашниот ден полицијата за добредојде во Охрид наместо казни им делеше лампиони.

    Охрид рано изутринава го доби и првиот жител роден во Новата година. Првородено оваа година е здраво машко дете, родено час и 45 минути по полноќ.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img