Американската пејачка со корејско потекло Ненси Џевел Мекдони го има најубавото лице во светот за 2023 година. Мекдони го освои првото место на традиционалната листа на TC Candler и независните критичари што се објавува секоја година.
Вакви листи почнале да создаваат во 1990 година, а многумина тврдат дека тоа е „најразновидниот избор на убавици“, па на него често може да се најдат и потполно непознати имиња.
Едно од нив е и годинешната победничка. Ненси Џевел Мекдони има 23 години и беше најмладата членка на К-поп групата Момоленд, која се распадна во февруари оваа година. После тоа, таа ја продолжи својата соло кариера.
На 2. место на листата се најде руската инфлуенсерка Даша Таран, а на трето корејско-јапонската пејачка Сана Минатозаки. Многу попознатата израелска актерка Гал Гадот го зазеде 4. место. Во 2004 година, кога наполни 18 години, стана Мис Израел. После тоа, отслужи две години задолжителен воен рок во израелската армија и истовремено изгради кариера како актерка и модел. Најпозната е по улогата на Дајана Принс во филмот Wonder Woman.
Минатогодишната победничка на оваа листа, Јасмин Тоукс, оваа година заврши на 5.место. Австралиската пејачка Савана Кларк е на 10 место, Аријана Гранде е на 79. место. Британската актерка Ема Вотсон го зазеде 83. место, додека на 90. место на листата е австралиската актерка Маргот Роби позната по улогата во филмскиот хит „Барби“.