More

    Крајбрежните области на Калифорнија веќе трет ден се опустошени од огромни бранови и поплави

    spot_img

    Крајбрежните области на Калифорнија веќе трет ден се опустошени од огромни бранови и поплави. Поради невообичаено големи бранови, властите затворија многу плажи долж брегот на Калифорнија.

    Во тешко погодениот округ Вентура, брановите ги надминаа морските насипи и носеа паркирани автомобили по улицата, блокирајќи ги патиштата за службите за итни случаи. Поплавен е и локалниот хотел, при што е предизвикана штета на сите соби во приземјето.

    Иако времето почнува да се смирува денеска за жителите на Северна Калифорнија, крајбрежните области на Централна и Јужна Калифорнија сè уште се загрозени од екстремни бранови. Некои бранови во областа на Калифорнискиот Залив можат да достигнат висина и до 12 метри.

    „Плажите и пристаништата не се безбедни“, соопшти Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес, пренесува Си-Ен-Ен.

    „Знаеме дека брановите изгледаат импресивно и дека многумина би сакале да го видат тоа. Сепак, ги замолуваме граѓаните да се држат настрана и да не се приближуваат до крајбрежната област заради нивна и наша безбедност“ – порачаа од надлежните служби.

    Во петокот, властите спасија околу 10 луѓе кои мислеа дека можат да се справат со брановите.

    Во четвртокот, речиси 20 луѓе беа однесени од огромни бранови кои се урнаа на плажата Вентура. Осуммина повредени се пренесени во болница.

    – Беше застрашувачко и апокалиптично. Луѓето викаа, врескаа. Трчав најбрзо што можев – вели Колин Хоаг, кој ги снимал луѓето како бегаат од бранот што дојде преку заштитниот ѕид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img