More

    Покренато обвинение против 18 лица, петмина од нив службеници во МВР

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци, соопшти денеска ЈО.

    Во периодот од август 2020 година до април 2022 година обвинетите преку царинска линија вршеле пренос на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период“, соопшти ЈО.

    За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами обвинето е и едно правно лице – автосалон од Кочани.

    Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи“, информираше Обвинителството.

    Според скопското обвинителство, автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото.

    Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во земјава. Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор. За истиот кривично-правен настан веќе има една правосилна пресуда против обвинет врз основа на спогодба, додека за едно инволвирано лице постапката е прекината бидејќи е недостапен на органите на прогон – информираше Обвинителството од Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img