Холивудската актерка Анџелина Џоли и британскиот рапер Кингсли Џејмс Меклин Дејли, попознат како Акала, станаа нераздвојни поради што почнаа да кружат гласини дека тие двајца се во врска.
Џоли и Акала неодамна беа видени заедно во ресторан во Милано со екипата на филмот „Марија“. По вечерата, тие отишле заедно во хотелот.
Ова не е прв пат холивудска актерка и раперот да бидат снимени заедно. Тие во мај годинава заедно отпатуваа за Јамајка.
Акала е популарен британски музичар и добитник на наградите БАФТА и МОБО. Популарен е и како писател во Велика Британија.
Анџелина Џоли беше во долгогодишна врска со Бред Пит од 2002 до 2016 година. Во 2014 година решија да се венчаат, но се разделија по само две години поради „непомирливите разлики“. Тие имаат шест деца: Медокс (22), Пакс (18), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15).