More

    Поранешниот американски претседател објави листа на омилени филмови

    spot_img

    Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој сега се занимава и со филмска продукција, по традиција објавува листа на неговите омилени филмови од годината што се ближи кон крајот. Така тој претстави 13 филмови од 2023 година кои особено му се допаднале, но еден детал им пречеше на многу филмски ентузијасти ширум светот.

    Мегахитот Барби не се најде на списокот на Обама. Со тој потег, Обама се чини дека јавно избра страна во таканаречената Барбенхајмер војна. Се разбира, тоа е битка за гледаност меѓу двата најголеми филмски хита на годината – Барби на Грета Гервиг и Опенхајмер на Нолан.

     

    Неговата листа ги вклучува филмовите „Leave the World Behind“, „Rustin“, „American Symphony“, „The Holdovers“, „Blackberry“, „American Fiction“, „Anatomy of a Fall“, „ Monster“, „Past Lives“, „Air“, „Polite Society“ и „Thousand And One“.
    Откако престана да ја извршува претседателската функција во САД, Обама продуцираше неколку филмови под етикетата Higher Ground. Некои од најголеми хитови со негов потпис се  драмата на Нетфликс „Fatherhood“ со Кевин Харт и „Worth“ со Мајкл Китон во главната улога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img