Јужноафриканската Република денеска поднесе случај против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за геноцидот врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да и нареди на еврејската држава да ги запре нападите.
Во поднесокот на Јужна Африка се тврди дека „израелските дејства по својата природа се геноцидни“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.
Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа.
Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција.