More

    Ракета утринава влегла во просторот на Полска

    spot_img

    Неидентификуван воздушен објект утрово полета во полскиот воздушен простор од правецот на Украина, според официјалната страница на Оперативната команда на полската армија на Икс. Полската армија објави на социјалните мрежи дека објектот бил следен со радар додека не се изгубил сигналот.

    „Во утринските часови неидентификуван воздушен објект навлегол во воздушниот простор на Република Полска од страната на границата со Украина и од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот бил забележан од радарите на системот за воздушна одбрана на таа земја“, според објавата на социјалната мрежа Икс.

     

     

    Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизираше расположливите сили и ресурси. Медиумите јавуваат дека граѓаните наводно ја забележале ракетата.

    – Добивме информација дека неидентификуван објект се појавил на радарот кај Грубјешов, а потоа исчезнал. Немаме потврда дека паднал на територијата на нашето војводство – изјави за новинарите функционерот од Лублин, Кшиштоф Коморски.

    Еден од полските ТВ канали неофицијално наведува дека се работи за ракета која е видена над селото Возучин-Чукровња. Летечкиот објект кој се движел со голема брзина го забележале и жителите на општина Долгобичов.

    Станува збор за подрачјето на Пржеводово, каде во ноември 2023 година веќе падна украинска ракета, при што загинаа двајца полски државјани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img