More

    Само во Банско и во Подгорци запленети 10.000 пиротехнички средства

    spot_img

    Во пресрет на новогодишните празници, во засилена контрола на полициските служби забеленети се илјадници недозволени пиротехнички средства. Само во струшкото село Подгорци и во селото Банско, струмичко, запленети се речиси 10.000 парчиња различни пиротехнички средства.

    „На 28.12.2023 во 16.00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга ја лишиле од слобода Ѓ.И.(56) од истото село. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 28.12.2023 околу 12.45 часот на улица „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот тетовец А.А. затоа што кај него биле пронајдени и одземени повеќе парчиња различни пиротехнички средства. Се расчистува и документира случајот и против А.А. ќе следува соодветен поднесок.

    СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.И.(54) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”. На 26.12.2023 во село Банско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 5.890 парчиња различни пиротехнички средства“ – информираат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img