Шалтерите за издавање готови документи во објектот во МРТВ утре ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, информира Министерството за внатрешни работи.
Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, процесот на издавање лични документи во Скопје и во секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен.
– Во внатрешноста во земјава овој процес е сосема при крај. Во Скопје се отвори новиот пункт сè со цел да се апсорбираат што е можно повеќе барања. Само во пунктот има 40 000 доставени барања од граѓани за лични документи, не за еден документ, туку за повеќе, а и другите пунктови низ Скопје апсорбираат барања. Сметам дека со интензивната работа сега, до крајот на годината, а и во јануари ќе се заврши целиот овој процес на најдобар можен начин -рече Спасовски.