Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот брифинг, објасни за поставувањето на камери за контрола на безбедноста на сообраќајот.
Спасовски најави дека камери ќе бидат поставени во Скопје, Куманово, Тетово на автопатите, но ќе има и мобилни системи.
– Камерите за контрола на безбедноста на сообраќајот ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Куманово, на автопати, а ќе има и мобилни системи кои може да се постават секаде во државата – изјави Спасовски кој притоа не прецизираше колку пари чинат икоја фирма ги поставува бидејќи информациите се класифицирани.
Спасовски на крајот на годината со новинарите најави дека ќе се заострат контролите за прекршителите на сообраќајните правила.
Плусинфо пред неколку дена пишуваше дека поминување на црвено, движење со поголема брзина од дозволената, погрешно паркирање и слични прекршоци ќе бидат регистрирани од новите камери кои се дел од системот „Сејф сити“, а казните за сообраќајните прекршоци ќе пристигнуваат на домашните адреси на сопствениците на автомобили.