Украина се соочи со некои од најжестоките руски напади во последно време. Според локалните власти, денеска во неколку градови во Украина загинале најмалку 12 лица, а 75 други се повредени.
Според локалните власти, во денешните руски воздушни напади врз неколку градови во Украина загинале најмалку десет лица, а неколку десетици се повредени. Украинските воздухопловни сили истакнаа дека тоа е еден од најжестоките руски напади во последно време, во кој Москва користи балистички и маневрирачки ракети, беспилотни летала и стратешки бомбардери.
Портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат изјави за украинската телевизија дека руските сили ја напаѓаат Украина со речиси сите видови ракети и авиони. „Не сме виделе толку многу црвени непријателски цели на нашите монитори долго време“, рече тој, според германската новинска агенција dpa.
Во целата земја се огласи аларм поради закана од воздушни напади. Гранатирање и штети беа пријавени од Харков, Лавов, Днипро и главниот град Киев. Според медиумите, експлозиите одекнале и во Одеса на југ и Запорожје на југозапад од земјата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија лансирала вкупно 110 проектили над Украина. Украинските воздухопловни сили подоцна изјавија дека противвоздушната одбрана соборила 114 од вкупно 158 проектили и беспилотни летала.
Образовни институции, катни станбени згради, трговски центар и породилиште се меѓу погодените згради, додаде Зеленски во објавите на социјалните мрежи.
Според локалните власти, пет лица загинале во градот Днипро, а најмалку 20 се повредени. По два смртни случаи биле пријавени од Киев и Одеса, а по еден смртен случај во Харков и Лавов. Стравуваат дека ќе има уште жртви, пренесува француската новинска агенција АФП.
Гувернерот на централната област Днепропетровск, Сергиј Лисак, изјави дека во регионот загинале четири лица, а 15 се ранети. По два смртни случаи биле пријавени од Киев и Одеса, а по еден смртен случај во Харков и Лавов. Стравуваат дека ќе има уште жртви, пренесува француската новинска агенција АФП.
Во меѓувреме, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, на социјалната мрежа Телеграм истакна дека Украина работи на зајакнување на противвоздушната одбрана, но дека светот треба да види дека му треба поголема меѓународна помош и ресурси за да се запре насилството. . „Ракетите повторно ги гранатираат нашите градови, а цивилите се цел на нападите“, посочи тој. Тој го изјави ова откако САД во четвртокот ја одобрија најновата воена помош за Киев, додека за новата ќе биде потребно одобрение од Конгресот.