Црвеното предупредување за магла остана на сила во делови од Кина, а сообраќајот беше во прекин откако метеоролошката служба објави дека густата магла ќе ги покрие областите на провинцијата Хебеи, северно од Шангај.
Повеќе од 600 летови беа одложени во неколку градови, вклучувајќи ги Урумчи, Хебеи, Шиџиажуанг и Шангај, според апликацијата за следење Flight Master.
Во Шангај привремено се суспендирани некои линии на траект, а затворени се и некои делови од автопатиштата.
На жителите во делови на Шандонг, Анхуи и Џиангсу им беше препорачано да избегнуваат да излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно.
Обилна магла се очекува во делови од северната провинција Хебеј, како и во централната провинција Хенан, источните провинции Анхуи, Џиангсу, Жеџијанг и Шандонг, како и во општините Шангај и Чонгкинг, соопшти Кинескиот национален метеоролошки центар.