More

    САД соборија беспилотно летало и балистичка ракета на јеменските бунтовници во Црвеното Море

    spot_img

    Американски воен брод собори беспилотно летало и противбродска балистичка ракета истрелани во Црвеното Море од јеменските бунтовници Хути поддржани од Иран, соопшти денеска американската војска.

    Нападите на бунтовниците врз бродови во голема мера го нарушија поморскиот сообраќај, а многу компании одлучија да го прекинат целиот транзит низ Црвеното Море.

    Бродот „УСС Мејсон“ собори едно беспилотно летало и една противбродска балистичка ракета во јужниот дел на Црвеното Море истрелани од Хутите, соопшти Централната команда на САД.

    Нема штета на ниту еден од 18-те бродови во областа и нема информации за повредени, објави британскиот весник „Гардијан“.

    Станува збор за 22. обид за напад на јеменските бунтовници врз меѓународни бродови од средината на октомври.

    Нападите ја загрозуваат транзитната рута што носи до 12 отсто од глобалната трговија, што ги натера САД да формираат мултинационална поморска работна група за заштита на бродовите во Црвеното Море претходно овој месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img