Израелски воени авиони вечерва извршија воздушни напади над Голанската висорамнина врз целни локации во јужна Сирија, при што е причинета материјална штета.
Локалниот сајт за вести Суваида24 објави дека радарска локација на сириската армија во Тал ал-Сан, недалеку од сириско-јорданската граница, била цел и уништена во воздушни напади.
Во нападот нема повредени, јави сириската новинска агенција САНА.
За време на нападот во реонот на Дамаск беше активирана и сириската противвоздушна одбрана, иако моментално не е јасно кои локации во областа Дамаск биле цел на израелските напади.
Воздушните напади уследија само неколку дена откако Рази Мусави, висок офицер на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција (ИРГЦ), беше убиен во израелски воздушен напад во областа Дамаск.
Мусави бил еден од водачите на иранските сили во Сирија и бил цел на Израел во минатото, јавуваат иранските медиуми.
Воздушните напади, исто така, се случија само еден ден откако меѓународниот аеродром во Дамаск беше вратен во функција, откако беше исклучен поради израелските воздушен напад кон крајот на ноември.