More

    Шаул Гринглик беше капетан во израелската војска

    spot_img

    Израелскиот кандидат за Евровизија, Шаул Гринглик загина во војната во Газа. 26-годишниот пејач беше капетан во израелската војска. Министерство за одбрана на Израел извести за смртта на тројца припадници на вооружените сили во Појасот Газа, меѓу кои е и капетанот Шаоли Гринглик.

    Како што пишува „Еуровижн фан“, Гринглик пред неколку недели бил на аудиција во шоуто „Новата ѕвезда“ во кое ќе се избере кандидатот кој треба да го претставува Израел на Евровизија 2024 во Шведска.

    Тој на 3 декември се појави во израелското шоу, а во тој период бил на одмор откако бил мобилизиран во војната против Хамас. Облечен во воена униформа, тој отпеа балада која ги воодушеви гледачите.

     

    Гринглик со 83% гласови успеа да се пласира во следната фаза на натпреварот и беше меѓу фаворитите во музичкото шоу.

    Еден од судиите во споменатото шоу, по смртта на Шаул, на социјалните мрежи напиша дека овој млад човек претходно се откажал од понатамошната конкуренција, поради воените обврски.

    „Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Нов, поинаков сон ќе треба да почека малку“ – напиша Гринглик на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img