Пропалестински протести синоќа го блокираа сообраќајот околу двата најголеми аеродроми во САД, меѓународниот аеродром Лос Анџелес и меѓунарoдниот аеродром Кенеди во Њујорк. Протестите на двата брега на САД, источниот и западниот, завршија со десетици уапсени лица.
На аеродромот Лос Анџелес каде што демонстрантите предизвикаа немири, беа уапсени 36 луѓе, соопшти градската полиција.
„Демонстрантите турнале полицаец на земја и користеле ѓубре, патни знаци, гранки од дрвја и бетонски блокови за да го блокираат патот кон аеродромот, напаѓаа на случајни минувачи кои поминуваа со нивните коли“ – се вели во соопштението од полицијата.
На другиот крај од земјата, Одделот за полициско-пристаништен менаџмент на Њујорк соопшти дека 26 лица биле уапсени за нарушување на јавниот ред и создавање пречки во движењето на транспортот за време на протестна акција на автопатот Ванвик во реонот на аеродромот Кенеди во Квинс.