Во руските напади на југот на Украина загинаа три лица, а девет беа ранети
Три лица загинаа, а девет се ранети во денешните руски напади врз две села во областа Запорожје, на југот на Украина, соопштија локалните власти.
Двајца рибари загинаа во бомбардирањето на селото Биленке, соопштија преку Телеграма од Канцеларијата на главниот обвинител. Како што се додава, ранети се и пет цивили.
Тоа место, кое се наоѓа на триесетина километри јужно од Запорожје, се наоѓа на брегот на реката Днепар, која служи како природна линија на фронтот и ги дели руските и украинските сили.
Во вториот напад на селото Орихов едно лице загина, а четворица се ранети, соопштија властите.
Руските сили извршија и неколку напади врз регионот Харков во североисточна Украина, соопшти регионалната полиција.
60-годишен маж им подлегна на повредите по бомбардирањето во Вовчанск, во близина на руската граница, изјави истиот извор.
Во воздушниот напад на селото Глулкивка се ранети и три жени на возраст од 58 до 76 години, соопштија безбедносните сили.