Против 46-годишен државјанин на Хрватска и Србија и 21-годишен и 22-годишен хрватски државјанин е поднесено обвинение за незаконско пренесување, јавија денеска загрепските медиуми.
Обвинението беше поднесено пред Жупанискиот суд во Осиек по истрагата што ја спроведе Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК).
Според обвинението, 46-годишниот маж се товари дека од 21 ноември до 4 декември 2022 година ги поврзал 21-годишниот и 22-годишниот и неколку непознати лица од Србија и Хрватска, со цел континуирано префрли голем број странци надвор од граничните премини од Србија во Хрватска за 600 евра по мигрант.
Обвинителството соопшти дека 46-годишникот ангажирал неколку лица од Србија кои по негова инструкција донеле странци во близина на граничната линија со Хрватска, а во Хрватска ангажирал луѓе во Загреб да ги примат.
За нелегален трансфер, нивен прием во Хрватска и превоз до договорената дестинација се наплаќале 150 евра по лице.
Во четири наврати во текот на ноември 2022 година, биле префрлени најмалку 16 странски државјани, за што 46-годишниот му платил на 21-годишниот 2.400 евра, а дел од тие пари му ги предал на 22-годишниот на најмалку 30 евра по патување.