Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 80 метри има на патиштата во Струмица, а до 100 метри во Тетово, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на останатите патни правци низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.