More

    Манекенката ги покажа голите гради, нејзиниот спругот ужива во глетката

    spot_img

    Манекенката и водителка Хајди Клум (50) редовно ги почестува обожавателите со секси фотографии и видеа на социјалните мрежи. Така и овојпат, како задоцнет подарок под елката, таа ја покажа својата неверојатна фигура.

    Постудените краеви Хајди ги заменила со потопли, па решила максимално да го искористи тоа. На видеото кое го сподели може да се види како се сонча на плажа, облечена во минијатурен долен дел од костим за капење, додека голите гради ги покрива само со раката.

     

    Во претходната објава на Инстаграм таа откри дека го прославила Божиќ со сопругот Том Каулиц на островот Сент Барт.

    Хајди и на 50 години е во топ форма и е горда на своето тело. Неодамна таа се појави на Формула 1 трката во Лас Вегас облечена во шорцеви и мрежести хулахопки, а голите гради ги прекри само со црна јакна.

     

    По трката, парот излегол да се забавува, а по долгата ноќ Клум објави видео од хотелската соба на кое му вели на својот сопруг: „Душо, браво. Еве, сонцето изгрева“, со што даде до знаење дека уживале во забавата сè до раните утрински часови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img