Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор почина денеска на 99-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Мартин Обри.
-Почина утрово на сон, во својот дом во Париз – изјавила Обри.
Делор беше осмиот претседател на Европската комисија и првиот човек на таа функција во три мандати, од 1985 до 1995 година. Претходно беше француски министер за финансии од 1981 до 1984 година.