Кај прилепчанец запленети 2.472 парчиња пиротехника

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во засилената полициска контрола пред празниците, кај повеќе лица во Прилеп, Кичево и во Скопје се запленети забранети пиротехнички средства, а за прекршителите се поднесени соодветни пријави. Најголем плен на пиротехника е регистриран во Прилеп каде е приведен 47-годишник кај кого биле пронајдени и запленети 2472 парчиња пиротехнички средства.

„Денеска (27.12.2023), од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп при претрес во дом и други простории во Прилеп и на тезга во Градски пазар во Прилеп, во сопственост на А.Б.(47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 2472 парчиња пиротехнички средства. Заради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.12.2023 во 18.40 часот на Плоштад „Македонија” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го привеле Е.Р.(27) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени повеќе парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.12.2023 во 13.00 часот, при контроли на булеварот „Ослободување” во Кичево, полициските службеници кај И.Р.(29) од Скопје пронашле и одзеле повеќе парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информираат од МВР.

Share This Article