Најдобриот кошаркар на планетата Никола Јокиќ се одлучи на потег кој воодушеви многумина. Кошаркарот на Денвер Нагетс му го честиташе 25-тиот роденден на Мега, клубот во кој порасна.
„Мега, среќен 25-ти роденден. Благодарност до целото семејство за она што го направија за мене и мојата кариера. Тоа е годишнина на сите нас кои бевме дел од тоа семејство. Се надевам дека и следната година Мега ќе биде во центарот на светот со нови пикови на драфтот“, изјави Никола Јокиќ во видеото што го сними.
Јокиќ играше во Мега од 2012 до 2015 година, пред да ја продолжи кариерата во НБА во Денвер Нагетс. Двапати беше прогласен за најкорисен играч во НБА, во 2021 и 2022 година.