САД го притискаат Израел да намали со интензитетот на војната бидејќи стравуваат дека зголемувањето на нападите врз американски војници и комерцијални товарни можат да се претворат во регионален конфликт што значително ќе влијае на светската политика и економијата, пишува Си-Ен-Ен.
Овој пад на безбедноста на потегот од Црвеното Море до Индија и во Ирак, Сирија, Либан и Израел не е нешто што сега му е потребно пред избори на американскиот претседател Џо Бајден. Изминатите денови неколку инциденти со дронови се случија во Црвеното Море и во Индискиот Океан, а мета беа американски и други меѓународни товарни бродови. Хутите во Јемен испукаа ракети, а Иран јавно објави дека ги поддржува.
По тие напади, САД формираа меѓународна коалиција која ќе ги заштити овие бродови од нападите на Хутите, кои нападнаа 12 различни бродови најмалку 100 пати во Црвеното Море во текот на изминатиот месец. Висок американски воен функционер минатата недела изјави дека вакво нешто не било видено во последните 50 години.
Ако војната се прошири тоа ќе го окупира вниманието на американската воена машина. На тест е и кредибилитетот на САД како вооружени миротворци на Блискиот Исток.
Во понеделникот, Бајден ѝ нареди на американската војска да ги нападне објектите во Ирак што ги користи радикалната ирачка шиитска милитантна група Катаиб Хезболах. Америка ја смета групата одговорна за нападот врз нејзината воздухопловна база Ербил во Ирак, во кој сериозно беше повреден еден американски војник.
Ако американските војници или опрема загинат во нов напад, САД ќе мора да се вклучат во конфликтот на Блискиот Исток, регион со кој последните тројца жители на Белата куќа сакаа да се справат што е можно помалку.
Кристофер О’Лири, поранешен директор на грижата за заложниците во Владата на САД, рече дека ситуацијата на Блискиот Исток сè уште не е критична, но дека потенцијалот за влошување секако постои.
И покрај напорите на САД израелските власти велат дека се соочуват со долга борба за елиминација на Хамас. Пораките кои стигнуваат од Бенјамин Нетанјаху и од челници во Израелските одбранбени сили се дека војната „ќе трае уште многу месеци“.