Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донатор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, информира дека е направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјата.

– Благодарение на хуманоста на едно семејство, кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси, не еден, туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим, кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сè уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата! – вели министерот Меџити.

Министерот Меџити додаде дека се гордее со медицинскиот кадар.

Share This Article