More

    Антикорупциска го испутува тендерот на ЕСМ за потребите на ТЕЦ Неготино

    spot_img

    Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) изрази сомнеж за незаконска набавка на мазут за потребите на АД ЕСМ Скопје / АД ТЕЦ Неготино од страна на РКМ ДОО Скопје, а ги испитува наводите за сомнителна незаконска продажба на ноќни вишоци на електрична енергија од страна на АД ЕСМ Скопје.

    Во своето образложение на случајот за незаконска набавка на мазут, ДКСК пишува:

    „Предметот со број 12-462/1 од 25.01.2023 година е оформен од страна на ДКСК по сопствена иницијатива, во врска со јавно изнесени наводи за незаконска набавка на мазут од страна на АД ЕСМ Скопје за потребите на АД ТЕЦ Неготино, со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија. По оформувањето на предметот, на 28.02.2023 година, непознат подносител до ДКСК достави дополнителна документација која се однесуваше за предметот, со цел ДКСК да ги испита состојбите наведени во пријавата. Вредноста на вкупната набавка е околу седум милијарди и 500 илјади денари, или околу 212 милиони евра. Набавката требало да ја изврши фирмата „РКМ ДОО Скопје“, при што била предвидена количина на мазут за која постои сомнеж дека истата не можела да биде испорачана за многу краток временски период. Требало да бидат набавени околу 195 илјади тони мазут.

    Постапувајќи по предметот, ДКСК побара податоци, информации и документација од АД ЕСМ Скопје, од АД ТЕЦ Неготино, од Управа за јавни приходи, од Влада, потоа од деловните банки со кои соработува „РКМ ДОО Скопје“, Царинска управа на РСМ, и еден стопански субјект од РСМ кој остварил соработка со РКМ ДОО Скопје, Нафтовод ДООЕЛ Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје. ДКСК закажа и одржа службени разговори со овластени претставници од АД ТЕЦ Неготино на 10.04.2023 година, во нејзините простории и со овластен претставник на Регулаторната комисија за енергетика, исто така во нејзините простории на 01.08.2023 година.

    По сите собрани информации и докази, ДКСК утврди состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на службени лица од министерството за економија, поранешен директор на ЕСМ и други службени лица од ЕСМ во својство на членови на комисија за спроведување набавка на мазут за потребите на ЕСМ / АД ТЕЦ Неготино, заради овозможување на монополско дејствување на домашниот пазар за мазут, по пат на директна интервенција на страната на понудата на мазутот на домашниот пазар во РСМ, со цел предизвикување криза и пораст на цената на мазутот и со тоа остварување профит за РКМ и други правни лица од РСМ и соседството, на начин така што на домашниот пазар за мазут е предизвикано растројство, спротивно на чл. 71 ст. 1 т. 1 и т.3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по пат на злоупотреба на јавен повик од страна на РКМ и на други недозволиви начини.

    Поради тоа ДКСК ќе достави иницијативи до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Влада на РСМ, Комисија за заштита на конкуренцијата, Регулаторна комисија за енергетика и Управа за јавни приходи и Управа за финансиска полиција.

    Останатите сомнежи на ДКСК подетално ќе бидат елаборирани во нејзината јавно објавена одлука за предметниот случај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img