Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека во последните 24 часа загинале најмалку 241 лице, јави денеска Би-би-си.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја нарече војната „тешко злосторство“ против неговиот народ.
Началникот на израелската армија Херзи Халеви рече дека конфликтот со Хамас ќе продолжи „уште многу месеци“.
Израел тврди дека погодил повеќе од 100 локации во вторникот.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека во изминатите 24 часа се повредени 382 лица.
Според Министерството, најмалку 20.915 Палестинци се убиени – главно деца и жени – во повеќе од 11 недели борби.