More

    Џафери очекува техничката влада да се избере на 28 јануари

    spot_img

    Од средината на јануари треба да почнат формално-правните подготовки за избор техничката влада која треба да работи на реализација на изборите за народни избраници на 8 мај. Во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е предложен за премиер на техничката влада, изјави дека тајминго на овие промени ќе се знае најверојатно од 9 јануари кога ќе се одржи првата координација со пратеничките групи во 2024 година. Според него, до 20 јануари треба да биде избран новиот претседател на Собранието.

    Овој пат оставка не треба да поднесе само претседателот на владата, Димитар Ковачевски, со што во оставка ќе биде и целата влада, туку и актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој е предложен за технички премиер од неговата матична партија ДУИ. Пред официјално да стане мандатар, на Џафери на посебна седница треба да му биде констатирана оставката, а потоа да биде избран новиот претседател на Собранието Јован Митрески, како што е предложено од СДСМ. Исто така ќе треба да биде пополнето и пратеничкото место на Џафери од листата на ДУИ во Изборната единица 5. Изборот на техничката влада е предвиден за 28 јануари.

    – Во секој случај, тоа се специфични ситуации кои се надвор од оние деловнички процедури кои Деловникот ги пропишува за редовни функции и постапки. Секако дека ќе има посебна седница за избор на претседател на Собранието и секако дека ќе треба да има посебна седница за избор на влада, затоа што претседателот на Собранието, односно јас како номиниран за функцијата премиер, не ќе можам истовремено да сум и мандатар и претседател на Собранието. Од таа причина треба прво да се расчисти прашањето за моето повлекување од Собранието, за да можам формално да прифатам – вели Џафери.

    Според него, најнапред треба да се случи неговото повлекување и избор на нов претседател на Собранието.

    – Без оглед што сум во оставка додека таа не се констатира на седница, јас формално сум и претседател на Собранието, што значи дека тоа се техниките што ќе треба да ги ставиме во тајминг на којшто работиме во меѓувреме. На наредната средба на 9 јануари е редовната координација и дотогаш ќе ги имаме расчистено сите ситуации и да можеме да дадеме конкретна динамика, на која седница и како. Но, во секој случај мора да оди моето повлекување и избор на новиот претседател за да може да има претседател (на Собранието), којшто ќе прими програма и состав на новата влада – вели Џафери.

    Според него до 20 јануари треба да биде избран новиот претседател на Собранието.

    Следен на листата на пратеници во ИЕ 5, што треба да го замени во парламентот, е министерот за образование Јетон Шаќири, а ако евентуално тој остане во составот на владата, следен по него е Муса Ибраими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img