More

    Во Германија уапсени петмина терористи

    spot_img

    Полицијата приведе пет мажи во местото Везел во западна Германија, поврзани со можни терористички напади на катедралата во Келн.

    „По претресот на објект во Везел на Бадник, полицијата приведе пет лица, а по распитот едно лице е приведено до 7 јануари“ – соопшти полицијата.

    Како што беше дополнително соопштено, во притвор е приведен 30-годишен Таџикистанец, за кого властите „имаат сознанија поврзани со загрозување на државната безбедност“.

    – Полицијата ги користи сите законски средства за да ги заштити граѓаните, катедралата и претстојната новогодишна прослава – изјави директорот на градската криминалистичка полиција во Келн, Мајкл Есер по апсењата во Везел.

    Во саботата вечерта, по дојава за можен бомбашки напад, полицијата со кучиња ја пребарала катедралата во Келн, но во таа прилика не бил пронајден експлозив.

    Според германските медиуми, има информации од тајните служби дека авганистанскиот огранок на Исламската држава подготвува напади во Европа за време на божиќните и новогодишните празници. Полицијата во Келн во вторник одлучи да ја задржи безбедносната мерка затворање на Келнската катедрала за сите посетители, со исклучок на учесниците на литургиските служби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img