More

    Славниот актер од „Паразит“ пронајден мртов во својот автомобил

    spot_img

    Ли Сун-кјун (48), прославен јужнокорејски актер кој го играше таткото и сопственикот на куќата во која се одвива дејствието на филмот во „Паразит“, е пронајден мртов во својот автомобил во Сеул, јавува „Би-би-си“.

    Полицијата сè уште ја утврдува причината за смртта, а навеле дека тој оставил белешка во својот дом. Актерот пред два месеци бил сослушан во полиција поради наводна злоупотреба на дрога. Според пријавата, тој бил фатен како со една хостеса зема дрога во еден бар. Ли Сун-кјун и признал на полицијата дека го зел тоа што му го дала водителката, но тврдел дека не знаел дека се работи за забранета супстанција.

    Хостесата на полицијата и рекла дека повеќепати земал дрога во нејзиниот стан, што актерот негирал. Тој побарал да биде ставен на детектор за лаги, а според тамошните медиуми, неговиот токсиколошки тест бил негативен на дрога.

    Во Јужна Кореја строго се казнуваат поседувањето и консумирањето дрога. За консумирање марихуана, казната може да биде и до пет години затвор.

    Поради истрагата, Ли Сун-кјун го загуби ангажманот на новата криминална серија. Во соопштението по неговата смрт, полицијата соопшти дека жали за неговата смрт, но нагласи дека истрагата ја водат „со негова согласност“.

    Се огласи и агенцијата на Ли и побара да не се шират лажни или непроверени информации за околностите на неговата смрт.

    Ли Сун-кјун имаше кариера долга две децении со бројни улоги во корејски серии и филмови. Тој се здоби со меѓународна слава со улогата во оскаровецот „Паразит“ од 2019 година. Тој беше оженет со актерката Џеон Хје-јин и имаше два сина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img