Јован Митрески ќе биде кандидат на СДСМ за претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година, одлучи денеска Централниот одбор на СДСМ.
Членовите на ЦО на денешната седница донесоа одлука за утврдување на кандидати за министри, заменици-министри и дополнителни заменици-министри во техничката влада од редовите на СДСМ.
Од утврдените кандидати, повеќето се веќе познатите имиња во актуелната Влада, освен Митко Бојмацалиев, актуелен шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, кој ЦО го избра за кандидат за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.
Членовите на ЦО донесоа одлука за утврдување на кандидати за министри, заменици-министри и дополнителни заменици-министри во техничката влада од редовите на СДСМ.
Кандидат за заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, ЦО ја утврди Славица Грковска, за вицепремиери за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ.
ЦО на СДСМ ги избра актуелните министри за култура, за животна средна, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски и за одбрана, Бисера Костадиновска Стојчевска, Каја Шукова,
Љупчо Николовски, Благој Бочварски и Славјанка Петровска, да продолжат да раководат со ресорите и во техничката влада.
ЦО ги утврди и кандидатите од СДСМ за заменици-министри за правда, за здравство, за информатичко општество и администрација, за финансии, за локална самоуправа – Викторија Аврамовска Мадиќ, Маја Манолева, Александар Бајдески, Филип Николовски и Мики Крстев.
Кандидатка за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика е Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени и актуелна министерка.
За шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, ЦО го избра генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.
За претседавач со ЦО на СДСМ е избрана Салавјанка Петровска, којашто заедно со Дашмир Афети се избрани и за нови членови на ЦО на партијата
– Централниот одбор на СДСМ го утврди Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Северна Македонија на претседателските избори во 2024 година, како и Правилникот, роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија – информираат од партијата.
ЦО донесе и одлука за свикување на 27 Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател како и одлука за свикување на 28 Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието за парламентарните избори во 2024 година.