„Во интерес на јавноста, сакаме да ја известиме пошироката јавност во врска со продолжен серијал на избирање – подобни кадри кои се унапредуваат во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата“, информираат од Синдикатот на македонската полиција.
Во соопштението тие тврдат дека лице од тесна фамилијирана спрага – внуката М.К на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, која од пред некој ден е унапредена во командир на ПО Мирковци, и тоа во спротивност на законските прописи, без соодветно високо образование и работно искуство од само 5 години работен стаж.
„За новопоставената командирка се пријавени притисоци кои се вршат од нејзина страна кон полициските службеници за изнуда на парична средства, а за кое и за одреден баран износ од 250 евра, и се доставени соодветни докази од (скрин шот фотографии) од испраќање пораки преку социјални мрежи, со прикажано одредување и предупредувања од претпоставената кон секој полицаец каде и колку треба да остави парични средства во папка за командирката. Ваквите кадри се срам и понижување за сите вработени во МВР“, велат од Синдикатот и додаваат:
„Го приложуваме писменото известување за јавноста, со кое сакаме воедно и јавно да му укажеме на министерот за внатрешни работи на недоследностите, незаконските и непрофесионалните унапредување, со кои се продолжува праксата за партизирање раководни кадри, а кои наместо истите да запрат создаваат уште поголемо незадоволство кај полициските службеници како вработени во МВР. Како и скрин шот фотографии од пораки со кои се потврдува вршење притисоци и изнуда на парични средства преку испратени пораки на социјалната мрежа ‘Вибер’ кон полициските службеници на кого им е претспоставена новата командирка“, тврдат од Синдикатот.