More

    Ламбе Алабаковски ја обработи „Дејгиди луди млади години“

    spot_img

    Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верзија на една од, како што вели, неговите омилени македонски песни „Дејгиди луди млади години“, која веќе е пуштена во етерот.

    Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали.

    Видеото, пак, кое носи една убава и емотивна приказна и е снимено во националниот парк „Галичица“ е со потписот на Зага продукција.

    „Песната е една од моите омилени и морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години, некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика, но и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна“, рече Ламбе на денешната промоција во кафулето „Минт“ и откри дека токму со ова песна сакал да ја заврши оваа успешна музичка година, но и да го најави сето она што ќе следува во годината пред нас.

    „Веќе се крчка новиот материјал, а мислам дека на крајот на следната година ќе ве поканам сите на еден убав концерт по повод мојот голем јубилеј – 20 години од почетокот на професионалната музичка кариера“, додава Ламбе.

    Меѓу присутните на промоцијата освен медиумите беа и голем број колеги и пријатели на Ламбе, меѓу кои Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски, Николче Мицевски, Марија Спасовска, Мики Црнокрак, Иво Јанковски, Стефан Лазаров, водителот Димитар Атанасовски.., кои не го криеја задоволството од новиот проект, но и фактот дека публиката секогаш знае да го препознае квалитетот и дека кога нешто е добро – трае.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img