На денешен ден пред 120 години излезе од печат книгата „За македонцките работи“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„За македонцките работи“, култната книга на Крсте Петков Мисирков која ја истакнува посебноста на македонскиот јазик била издадена на денешен ден, 25 декември, во Софија, 1903 година. Истата година, денови по објавувањето бугарските власти наредиле книгата да биде спалена, а за среќа се зачувани неколку примероци.

Книгата ги истражува особеностите на македонскиот јазик и потребата тој да се кодифицира според централното наречје како еднакво оддалечено од соседните словенски јазици, дадени се научно-теориски погледи на кои подоцна Блаже Конески ќе го продолжи делото до конечна кодификација на јазикот.

Делото на 120 страници и во пет поглавја дава погледи и за актуелната состојба во Македонија од тој тежок период по Илинденското востание и ја дава идејата за обединување на сите територии каде живее македонскиот народ, зборува за неговата културолошка и народна самобитност. Мисирков ги разголува бугарската, српската и грчката пропаганда кои во тоа време биле активни во Македонија.

„Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“, прашува Мисирков и го дава одговорот во поглавје во книгата.

На друго место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.

Мисирков го поставува македонскиот правописот врз фонетска основа, со мали отстапки на етимологијата, а во лексиката предлага да се вклучуваат елементи од сите македонски говори.

Во македонската кирилица тој воведува неколку нови графеми: i, к‘, г‘, н‘, л‘, со кои таа се разликува од другите кирилски писма. Тоа бил модерен пристап од кој денес се произлезени буквите Ѓ и Ќ. Исто така, во согласност со фонетскиот правопис настојува на бележење на едначењето по звучност.

Четири од петте поглавја во книгата се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Санкт Петербург. Кружокот бил формиран во 1902 година од Мисирков, Димитрија Чуповски и 19 македонски дејци.

Мисирков пробувал да влијае на руските научни кругови и лингвисти за формирањето на посебен македонски јазик. Активно пишувал статии во тамошните списанија.

- Advertisement -
Ad image

Мисирков е познат и како автор на македонските списанија „Вардар“ и „Македонски глас“, први од својот вид.

Share This Article