На Инстаграм профилот на принцезата и принцот од Велс се појави овогодинешната божиќна честитка со нивните три деца.
Секоја година британското кралско семејство објавува празнични честитки во кои принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон позираат со сите свои деца.
Оваа година божиќната честитка ја украсија само децата, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и пинт Луис.
На сите им посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето“, напишаа на крајот од црно-белата фотографија.
Децата на фотографијата се облечени едноставно, во бели кошули и фармерки.
Синоќа, кралското семејство присуствуваше на специјалната божиќна служба во Вестминстерската опатија. Овогодинешната служба беше посветена на благодарност до сите оние кои ги поддржаа најмладите членови на друштвото.