Финансиската полиција во Град Скопје ќе ги проверува тврдењата на граѓаните

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Финансиската полиција денеска се очекува да влезе во Град Скопје за да провери како е реализирано новогодишното украсување на главниот град.

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

– Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации – информираа од Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30.000 евра, многу помалку во споредба со другите години.

По реакциите во јавноста, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов преку статус на „Фејсбук“ побара оставка од градоначалничката Арсовска и предложи на пролет да се одржат и избори за Скопје затоа што според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

Share This Article