Најмалку 70 лица загинаа во вчерашните израелски напади врз бегалскиот камп Магази во Појасот Газа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
An Israeli flag flies among debris in Gaza, amid the ongoing conflict between Israel and the Palestinian Islamist group Hamas, as seen from southern Israel, December 12, 2023. REUTERS/Clodagh Kilcoyne TPX IMAGES OF THE DAY
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 70 лица загинаа во вчерашните израелски напади врз бегалскиот камп Магази во Појасот Газа, соопштија локалните здравствени власти, кои се под контрола на Хамас, јави ДПА.

Според портпаролот на Министерството за здравство во Газа, израелските напади погодиле неколку семејства во кампот.

Од ДПА не можеа да ја потврдат оваа информација преку независни извори. Портпаролот на израелската војска рече дека извештаите се истражуваат.

Израелските сили извршуваат напади во Појасот Газа од 7 октомври, откако Хамас и други радикални палестински групи извршија крвави напади врз Израел, вклучително и масовни убиства на цивили.

Според Министерството за здравство во Газа, повеќе од 20.258 луѓе се убиени, а 53.688 се повредени, главно цивили, од почетокот на конфликтот

Share This Article