Украинскиот театарски и филмски актер Богдан Колесник загина на фронтот за време на борбена мисија.
Веста ја објави Државната агенција за филм на Украина на социјалните мрежи.
– Талентираниот украински актер Богдан Колесник загина на фронтот додека извршуваше воена мисија – се наведува во соопштението.
По повод трагичната смрт на Богдан, се огласија и многу колеги на младиот актер.
– Нашиот колега Богдан Колесник загина при извршување на борбена задача! Светол спомен на нашиот херој! Зад себе ги остави сопругата и ќерката. Длабоко сочувство до блиските на Богдан – напиша на социјалните мрежи актерката Олга Сумска.
Да потсетиме, неодамна на фронтот, еден по друг, загинаа познатите украински театарски и телевизиски актери Андреј Павленко и Василиј Кухарски. Претходно, во борбите загина и актерот Алексеј Килски.
Инаку, Богдан Колесник зад себе ги остава не само улогите што ги играше на сцената и екранот, туку и длабок впечаток кај колегите и публиката. Неговата страст за глума и посветеноста на уметноста остануваат траен дел од неговото наследство.