More

    Земјата забрзано апси за да го поправи меѓународниот впечаток

    spot_img

    Криминалци од Балканот, особено од Србија, Црна Гора и Албанија, но и од Азербејџан и Русија брзо се натурализираат во Турција, бидуваат амнестирани, го носат својот капитал во земјата, па дури и добиваат можност да бидат амнестирани. Анализа на Дојче Веле дава четири причини зошто земјата се бори да го поправи впечатокот дека е рај за криминалци, а годинава поведени се стотици апсења.

    Првата причина зошто Турција е рај за криминалците е што законите за перење пари се многу благи, односно, криминалцитте плаќаат 15 до 20 отсто од вредноста на парите за да продолжат да ги перат. Второ, власта одвреме-навреме ги амнестира сторителите на економски криминал. Трето, за влез во Турција од многу земји не е потребна виза. И четврто, со инвестиција од 500.000 американски долари или со купен имот од најмалку 400.000 долари секој странец може да аплицира и лесно да добие турско државјанство. Условот е криминалецот да не биде гонет од Интерпол или од други меѓународни организации од тој тип.

    Дојче Веле пишува дека сето ова се случувало во мандатот на претходниот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додека неговиот наследник Али Јерликаја има полни раце работа и апси буквално секој ден.

    Некои од поголемите апсења се на меѓународни банди, меѓу кои, се пофали Јерликаја, три меѓународно барани гангстерски босови од Аланија и Истанбул. Станува збор за водачи на банди со белгиско-британско, виетнамско и арапско потекло. Тој вели дека без разлика колку се силни овие банди ќе им застане на патот. Меѓу уапсените има неколку лица од Австралија и Нов Зеланд кои ги барал Интерпол.

    Всушност, според анализата, пред времето на Јерликаја во земјата немало поочигледни истраги за ваквите случаи, за престрелките и убиствата, а претходникот Сојлу дури ги ослободил од затвор водечките мафијаши на турското подземје и ги одржувал односите со мафијата. Така Турција станала рај за криминалци. Меѓу нив се и оние од Балканот. На пример, лани на 8 септември во Истанбул беше убиен Јован Вукотиќ од шкаљарскиот клан за награда од 1,5 милиони евра, а според турската полиција, наредбата била дадена од ривалскиот кавачки клан.Двата наркоклана водат војна низ Европа веќе десет, а во неколку земји, од Шпанија до Турција, се убиени нивни луѓе во вакви престрелки.

    Озан Бингол, експерт за даночно право, го критикува целиот процес на тоа како парите на криминалците стануваат „легални“ во Турција.

    – Ако некој денес ненадејно се појави со милион долари, властите не смеат да прашуваат од каде се парите. Сегашната влада на АКП ја усвои оваа регулатива како еден од нејзините први проекти по доаѓањето на власт во 2002 година – вели експертот.

    Покрај тоа, постојат големи дупки во законите кога станува збор за инвестирање во криптовалути, што, според Бинголов, привлекло многу меѓународни банди во Турција. Според него, овие инвестиции треба да бидат санкционирани и регулирани што е можно поскоро.

    Турција сака да излезе од сивиот список на кој пред деве години ја стави ФАФТ – Меѓународниот институт за борба против перење пари и финансирање тероризам. Земјата е под меѓународен надзор, а министерот Јерликаја е на потег.

    Неговиот колега Мехмед Шимшек од министерството за финансии паралелно со Јерликаја пробува да ги намами странските инвеститори во земјата и покрај тоа што тие сега се уплашени поради високата инфлација која неодамна достигна 61 отсто и фактот што претседателот Реџеп Таип Ердоган со ниските камати ја обезвредни лирата, а притоа постојат индикации дека Ердоган се меша и во правосудниот систем.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img