More

    Децата со попреченост имаа „Необичен ден“

    spot_img

    Со бројна публика составена од деца и возрасни кои возбудено следат што се случува на сцената без да трепнат, неверојатна визуелна сценографија која остава без здив, многу игра, песна и забава и универзална порака што допира до сите присутни, поминуваат изведбите на музичко-театарската претстава „Необичен ден“.

    Големиот спектакл со мега-популарните ликови од „5+ фамилија“ и нивните пријатели-актери од асоцијациите на деца со попреченост, кој почна да се прикажува од 20 декември, е дел од кампањата „Сонуваме. Менуваме“ на Стопанска банка АД-Скопје преку која се промовира и поттикнува инклузијата во општеството и се надминуваат разликите.

    Големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) блеска од бои и визуелни решенија налик на бродвејската сцена. Претставата нуди и нова музика која одлично се вклопува во сценариото, кое пак мајсторски го играат популарните ликови Лина, Петко, детективот Цветко, Џими, Лука, Цвајнштајн, Алек, Лиз и Мира, заедно со гостите-учесници кои рамноправно настапуваат на големата сцена – харизматичните Филип Величковски, Александар Стојчевски, Ема Ананиевска и Нина Костовска. Сите заедно ја пренесуваат пораката дека разликите не треба да нѐ раздвојуваат, туку да нѐ сплотуваат и оти заеднички можеме да создадеме подобар и поправеден свет за сите. Чувството на еднаквост, пријателство и емпатија останува врежано кај сите присутни уште долго по завршувањето на претставата.

    – И на петтата година од нејзиното реализирање, „Сонуваме. Менуваме“ останува една од нашите најдраги кампањи бидејќи навистина има голем, позитивен ефект врз заедницата. Преку неа на еден забавен и прифатлив јазик за сите генерации успеваме да покажеме дека секој од нас може да придонесе за менување на работите во општеството на подобро. На тој начин заеднички создаваме свет за кој сонуваме, свет во кој сите сме еднакви и прифатени. Големиот интерес кој владее за инклузивните претстави секоја година потврдува дека нашите заложби вродуваат со плод, а наша цел за понатаму е да ја поттикнеме дискусијата и изнаоѓањето решенија за инклузијата на лицата со попреченост во секојдневието – истакнуваат од менаџерскиот тим на Стопанска банка АД-Скопје.

    Прикажувањето на инклузивната претстава продолжува и во следната недела. Поради огромниот интерес за музичко-театарскиот спектакл, се надеваме дека изведбите наскоро ќе станат дел и од редовниот репертоар на МНТ.

    Музичко-театарскиот спектакл го подготви ОxO продукција во соработка со докажан и искусен тим. Режијата му е доверена на Дејан Пројковски, автори на сценариото се Сања Арсовска и Билјана Крајчевска, кореографијата на Олга Панго, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимите на Марија Пупучевска. Актери во претставата се Сања Арсовска, Ана Јовановска, Игор Ангелов, Ѓорѓе Нешковиќ, Марјан Наумов, Дамјан Цветановски, Изабела Јакимова, Матеа Јанковска и Марина Поп Панкова. Целата екипа создаде врвно доживување за секој присутен и одлична семејна забава за сите генерации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img