More

    Зошто се објавуваат огласи кога не се почитуваат, прашува ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Како се ближи изборниот процес, власта започна со дополнително партизирање на институциите, притоа кршејќи ги сите правила и прописи за вработување – обвини денеска на прес конференција пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Вчера на Комисијата за изборите и именувањата се избираа членови и претседатели на повеќе комисии во Република Македонија за коишто предходно беше распишан оглас и имаше пријавено бројни кандидати. Во нормална држава, за вакви комисии како што се Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации или пак Комисијата за заштита и спречување на дискриминацијата, очекувано би било да се изберат кандидати кои ги исполнуваат условите пропишани со огласот, но и кандидати кои со своето знаење и експертиза ќе допринесат за подобро и поефективно работење на ваквите комисии.

    Но за СДСМ и ДУИ не е битна квалификацијата на кандидатите туку меѓукоалицискиот пазар за вдомување и полнење на комисиите со партиски војници. За да биде иронијата поголема, условите кои што тие самите ги пропишаа во огласите за кандидатите, колегите од власта на комисијата не ги почитуваа. Беа изгласани кандидати што не исполнуваат еден или повеќе услови во огласите – рече Стојановска.

    Таа рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагирале на ова незаконско работење, но пратениците од власта без никакви аргументи ги изласале

    – Додека устите им се полни со професионална и квалификувана администрација, нешто што е забелешта и во Извештајот од ЕУ, во реалноста се вработуваат неквалификувани партиски послушници што немаат никакво искуство во тоа што треба да го работат. Зошто воопшто се распишуваат огласи за избор на членови во овие комисии кога истите не се почитуваат – рече пратеничката.

    Невладината организација Мрежата за заштита од дискриминација исто така реагираше на утврдената листа за нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, усвоена од Комисијата за прашања за избори и именувања. Според оваа листа, по петгодишен мандат добиваат кандидатите Флора Кадриу, Душан Томшиќ и Зекир Абдулов, а Драгана Дрндаревска, единствен експерт на листата, добила мандат од 1 година 2 месеци и осум дена.

    „Изборот на членови на КСЗД го сметаме за партиски и незаконит, со што се нарушува владеењето на правото, се покажува крајна негиржа за човековите права и еднаквоста на граѓаните, а од страна на пратениците ова претставува злоупотреба на службената положба за остварување на партиски цели. Преку изборот се врши политичка дискриминација преку давање предност на кандидати кои не ги исполнуваат условите, кон кандидатите кои ги исполнуваат – реагира Мрежата за заштита од дискриминација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img