Ќе се подобри меѓународниот календар и во тој случај сите се победници“, вели тренерот на Реал
Карло Анчелоти е првиот тренер со светско педигре кој отворено ја поддржа пресудата на Судот на правдата на Европската унија за фудбалската Суперлига.
По тесната победа против Алавес, тренерот на Реал Мадрид и единствениот освојувач на титулата во сите пет лиги изјави дека одлуката е „значајна за фудбалот“ и за сите клубови.
„Факт е дека повеќе нема да има монополи, што го сметам за позитивно. Дополнително, меѓународниот календар ќе биде фиксиран, во тој случај секој е победник“.
Анчелоти признава дека се уште не е запознаен со сите детали и формат на натпреварувањето, но е задоволен што се наѕираат тектонски промени во клупскиот фудбал.
Само врз основа на судската одлука верувам дека фудбалот ќе доживее позитивно поместување“, заклучи стратегот на Кралскиот клуб.
Судот на ЕУ, потсетуваме, одлучи дека УЕФА нема право да ги санкционира клубовите кои сакаат нов формат на натпреварување, независно од чадор фудбалските организации. Врз основа на ваквата одлука навистина би можела да започне Суперлигата, а веднаш во четврток беше објавен нов предлог за форматот на натпреварувањето.
Така, во Суперлигата би учествувале 64 екипи, поделени во три нивоа наречени Ѕвездена, Златна и Сина. Секоја сезона, тимовите може да испаднат од одредено ниво или да напредуваат на повисоко, а пласманот во најниското ниво, Плава, ќе зависи од пласманот во домашните лиги.