More

    Во нападот што се случи вчера попладне на Карловиот универзитет во центарот на Прага, загинаа 14 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени

    spot_img

    Во нападот што се случи вчера попладне на Карловиот универзитет во центарот на Прага, загинаа 14 лица, меѓу кои и напаѓачот, а повеќе од 30 се повредени. Се работи за најголемото масовно убиство во историјата на Чешка.
    Од вчера попладне од Прага пристигнуваат драматични снимки на кои се гледа како луѓето панично бегаат по познатиот Карлов мост во центарот на главниот град, се кријат во училниците и на рабовите на зградата на факултетот.

    Се појави и снимка на која се гледа како студентите скокаат од зграда за да избегаат и да се спасат од масовниот убиец.
    Началникот на полицијата во Прага, Мартин Вондрашек изјави дека властите претходно во текот на денот биле известени дека стидентот можеби се упатил кон Прага од неговиот град во областа Кладно, во близина на чешкиот главен град.

    – Имаме непотврдени информации од профил на социјалната мрежа дека наводно бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година. Тоа беше однапред испланиран ужасен чин што започна во областа Кладно и, за жал, заврши тука (во Прага) – изјави Вондрашек, додавајќи дека напаѓачот легално поседувал неколку огнени оружја.

    Напаѓачот Давид К. кој бил студент на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Прага исто така настрада во инцидентот. Полицијата истражува дали напаѓачот е убиен од полициски куршум или сам си го одзел животот по крвавиот чин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img