More

    Пратениците добиваат втора шанса да ја стокмат државната каса за следната година

    spot_img

    Пратниците во Собранието денеска во рамки на 135 седница ќе расправаат за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година – второ читање.

    По амандаманската расправа во законодавниот дом, Владата на 18 декември го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет. Во него се вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието, а направени се и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог буџет.

    Клучните елементи на Дополнетиот предлог буџет за 2024 година, како што соопштија од Владата, се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација.

    Во тек на амандманската расправа прифатени се три амандмани од вкупно поднесените 272, еден  на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и два на владејачката СДСМ.

    Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или се за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година. За плати проектирани се 41,2 милијарди денари, за стоки и услуги планирани е износ од 25,3 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари. За социјални трансфери проектирани се 161,1 милијарди денари, од кои за исплата на пензии 83,6 милијарди денари, за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари. Растот на економијата е проектиран на ниво од 3,4 отсто, а инфлацијата на ниво до 3,6 отсто. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img