Една жена загина откако вчера на божиќниот пазар во Белгија врз неа падна елка висока 20 метри, објавија локалните медиуми.
„Огромното дрво на божиќниот саем во градот Ауденарде, на околу 50 километри западно од Брисел, не го издржа вчерашниот силен ветар“, објави белгиската новинска агенција Белга.
Елката паднала врз три лица, од кои едното починало набргу во болница од тешките повреди.
Локалните медиуми ја цитираат изјавата на градоначалникот дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото.