Според медиумите во Чешка, според итните служби во Прага, во престрелката што се случила на универзитетот загинале 11 лица, меѓу кои и напаѓачот.
Има и 9 тешко повредени, 5 до 6 лица со умерени повреди и 10 полесно повредени.
Полицијата претходно на социјалната мрежа Х напиша дека напаѓачот е убиен и дека има неколку мртви и десетици повредени.